Се чистат 10 кг пиперки црвени ,им се сечат рачките (уште подобро да се исчистати од семето) и се спуштаат да вријат 2 мин во зовриен
пресол од:
1lоцет,1 чаша зејтин,2 l вода ,3 лажици шекер, сол по вкус, 2 листа лорбер, 2 чешниња лук и бибер во зрно.
Се редат во тегли ,а потоа се потураат со топол пресол и се оставаат да се оладат. Потоа се затвораат и се оставаат.
Јас ги чистев и од семето и кога беа готови уште топли ги стерилизирав така што ги ставив теглите во големо тенџере прекриено со крпа и наполнето со топла вода до 3/4 од теглите и вриеа околу 15 минути( откако ќе зоврие водата).Беа многу убави .
II начин
Се мијат 10 кг пиперки црвени , се чистат од семето и се спуштаат да вријат 2 мин во зовриен
пресол од:
1lоцет,1 чаша зејтин,2 l вода ,3 лажици шекер, сол по вкус, 2 листа лорбер, 2 чешниња лук и бибер во зрно.
Се редат во тегли ,а потоа се потураат со топол пресол и се затвораат теглите и се стерилизираат така што се ставаат теглите во големо тенџере прекриено со крпа и наполнето со топла вода до 3/4 од теглите и вријат околу 15 минути( откако ќе зоврие водата).
No comments:
Post a Comment