Sunday, January 17, 2010

Кечап 1

5 кг патлиџан,
5-6 главици кромид,
10 зрна бибер,
5 листа лорбер,
2 кг пипер (зелен,жив),
200 ml зејтин,
1 чашка сенф ,магдонос (по желба).

Се сече пипер патлиџан и кромид.
Се додава бибер и лорбер и се вари 1 саат да омекне.
Се меле на машина што вади лушпи или низ преса.
Смесата се вари 1/2 саат да се згусне и пред крај се додава :
зејтин ,сол и сенф и
врие уште 10 мин.
Се собира врело во загреани шишиња или тегли и
се остава покриено да се лади постепено.

Кечап 2

30 кг патлиџан ( стискан да се исцеди)
1 китка магдонос
1/2 китка оригано

Ова врие да омекне,па се проага низ преса или машина што вади лушпи.
Пак врие и му се додава пред крај 200 гр шекер,2оо гр оцет,сол.
2 чаши од смесата се оладува и во тоа се раствора 1 нишесте .
Врие уште 10 мин и се собира врело во врели тегли,
кои пак се оставаат покриени да се изладат постепено.