Saturday, December 26, 2009

Жива туршија

6 кг зелен патлиџан,7 кг зелен пипер(банана и везен),
4 кг морков, 4 кг карфиол,4 кг краставички,2-3 корена рен,1l оцет,1/2 кг сол,
1 винобран,1 конзерванс( по 5гр),100 гр шекер.

Се прави пресолот така што прво зовриваат :
1 л вода со 1л оцет,сол,винобран и конзерванс
се додава во 10 л вода и се меша.
Кога ќе се олади се полива наредениот зеленчук
и се затвора.
Од горе може да се стави зелка за да го потисне зеленчукот.

Sunday, December 13, 2009

Патлиџани во тегли

Во тегли се редат патлиџани исецкани на тркалца,
(малку се посолуваат измеѓу редовите) и се
затвораат без вода.
Се стерилизираат така што се ставаат во поголемо тенџере (во кое на дното претходно се става пешкир што ке го прекрие) и во кое се додава вода која ќе стигне до 3/4 од теглите.Треба да врие 20 до 30  минути.
Се служи со кромид како салата.

Така припремени патлиџани може да се додаваат во леќа,грав,
компир манџа,јадења со свежа зелка,за сосови за макарони,за пица(процедени или пропржени за да се намали течноста) и др.

Пинџур

16 кг зелен пипер се пече,лупи и меле на крупна решетка.

10 кг црвен патлиџан се пече во рерна,се лупи цеди и мели.

7 модри патлиџани се печат,лупат и мелат .

Се мешаат па се додава 2 l зејтин и 3-4 лаџици сол.
Се пржи малку и се собира во загреани тегли кои
се оставаат покриени да се стерилизираат.

Потпечени пиперки

Се потпекуваат везени пиперки без рачки и веднаш се редат во тегли.

После секој ред се става малку сецкан лук,магдонос,сол ,оцет и зејтин.

Се затвораат и се редат во гајби каде се покриваат да стојат 24 часа.

Црвени пиперки во тегли

Црвени пиперки се печат ,лупат и оставаат во оцет преку ноќ.

Другиот ден се цедат од оцетот и се редат во тегли од 1 кг (тискајќи )

Се преливаат со зејтин,се затвораат и стерилизираат пола саат.
Се служат со лук.

Лутица

12 кг пипер црвен (печен,лупен,сецкан)
6 кг патлиџани (печени,лупени а може и мелени на машина што вади лушпи и семки)

Пиперките се пржат со патлиџанот (скоро 1,5 саат) со 600 до 700 гр зејтин.

Пред крај се додава 1-2 главици лук сецкан,
200 ml вински оцет,
200 гр шекер,
1 китка магдонос и
сол по вкус

II начин

14 кг црвени пиперки се печат  во рерна ставени во 2 тепсии ,една најгоре и друга најдолу  на хартија за печење , се ладат и  се сецкаат.
7 кг патлиџани се мелат на машина што вади семки и лушпи и вријат малку и се мешаат  со сецканите пиперки.
Се додава 1/2 л зејтин и заедно врие (може во рерна).

Пред крај се додаваат две главици сецкан лук,
200 мл вински оцет(киско),
200 гр шекер и сол по вкус.
Се собира врело во тегли кои се покриваат да се ладат постепено.

Барени пиперки

Се чистат 10 кг пиперки црвени ,им се сечат рачките (уште подобро да се исчистати од семето) и се спуштаат да вријат 2 мин во зовриен 

пресол од: 

 1lоцет,1 чаша зејтин,2 l вода ,3 лажици шекер, сол по вкус, 2 листа лорбер, 2 чешниња лук и бибер во зрно.

 Се редат во тегли ,а потоа се потураат со топол пресол и се оставаат да се оладат. Потоа се затвораат и се оставаат.

Јас ги чистев и од семето и кога беа готови уште топли ги стерилизирав така што ги ставив теглите во големо тенџере прекриено со крпа и наполнето со топла вода до 3/4 од теглите и вриеа околу 15 минути( откако ќе зоврие водата).Беа многу убави .

II начин

Се мијат 10 кг пиперки црвени , се чистат од семето и се спуштаат да вријат 2 мин во зовриен 

пресол од: 

 1lоцет,1 чаша зејтин,2 l вода ,3 лажици шекер, сол по вкус, 2 листа лорбер, 2 чешниња лук и бибер во зрно.

 Се редат во тегли ,а потоа се потураат со топол пресол и се затвораат теглите и се стерилизираат така што се ставаат  теглите во големо тенџере прекриено со крпа и наполнето со топла вода до 3/4 од теглите и вријат околу 15 минути( откако ќе зоврие водата).

Руска салата

Се чисти и дроби :
2 кг црвени пиперки,
2 кг зелен патлиџан,
2 кг краставици,
1 кг моркови,
(вкупно7 кг).

Зоврива пресол од : 800 мl алкохолен оцет вински,
250 гр шекер
150 гр сол,1 пакетче бибер,
600 ml зејтин,
Се потура со солилото и се меша.
Се остава да преноќи а потоа се собира и
стерилизира 20 мин како компот.

II варијанта: (сања)
Вк 10 кг (пипер,зелен патлиџан,краставици,моркови,карфиол)
250 гр алкохолен оцет 9%
250 гр шекер,
300 гр сол,
2 пакетчиња бибер,
700 гр зејтин
целер
Состојките зовриваат,се варат малку морковите и се попарува.
Се собира по 1 саат и може да се стерилизира затворено во тегли.

Царска салата

5 кг гамби,1 кг моркови,1 кг карфиол
Пресол:
200 гр сол,350 гр шекер,
1 l оцет (алкохолен),250 мl зејтин,
1 конзерванс(5гр)

Гамбите се сечат на 4 дела и
се потураат со солта и шекерот и стојат 24 часа.
Водата од гамбите оцетот и зејтинот се зоврива и
на крај се става конзерванс.
Се реди наизменично во тегли и се натура со пресолот .

Гамби-ружа

3 кг гамби,
1 кг карфиол,
750 гр моркови,
3 главици лук,бибер во зрно,
листови од целер,
Пресол:
100 гр сол,250 гр шекер,
250 мл зејтин,1 l вински оцет

-Зоврива пресолот и во него се спуштаат исецкани
моркови и карфиол,да вријат 5-6 минути
Во пресолот се додава лукот и биберот
-Со моркови и карфиол се полнат гамбите кои
се затвораат со целер
-Во теглата се редат со целерот надолу и
се прелеваат со топол пресол
Од горе се ставаат листови од целер.