Tuesday, January 12, 2021

Лута салата

250 гр феферони,

2 кг морков,

2-3 чешниња лук,

веза магдонос,

сол и  оцет по вкус.

Се потпекуваат феферони и се ладат.

Во меѓувреме се обаруваат моркови и се сечат на кругови кога ќе се оладат.

Во мали тегли се редат ред моркови,ред магдонос и лук,а потоа феферони додека не се наполни теглата.

Во меѓувреме свари пресол од вода оцет и сол ,олади и прелиј ги фефероните.

Посигурно е ако се стерилизираат теглите како компот.


Wednesday, March 4, 2020

Компот од вишни

Се мијат вишни,се редат во тегли до 3/4 ,се додава по 1 лажица шекер ,се дополнуваат  со вода ,се затвораат убаво,а потоа се ставаат во подлабоко тенџере прекриено со крпа и се додава вода  која ќе достигне до 3/4 од теглите и се вријат 20 мин (откако ќе зовријат).
Се оставаат во тенџерето во кое вријат да се ладат постепено.

Сок од вишни

Се ставаат измиени вишни во тенџере со врела вода и се вари додека не испукаат вишните .Се процедува сокот,се  додава шекер по вкус и зоврива околу 15 мин и се става во шишиња кои  се покриваат со кебе и се оставаат да се ладат постепено.
Испуканите вишни може да се изгмечат да им се додаде вода и шекер и да се собере исто така.

Ѓувеч

5 кг патлиџани вријат и се додава
1/2 кг моркови малку врие ,а потоа
 1/2 кг пиперки,
3 тиквици,
3 модри патлиџани,
бамји,
магдонос и сол.
Потоа се собира во тегли кои се ставаат во подлабока тепсија со вода која се става во загреана рерна за да се вријат и вакумираат.
Може да се стават во рерна на 100 степени преку ноќ и утрото да се исклучи и се лади до вечер.
Место во рерна може да се стават во подлабоко тенџере наполнето со вода така што ке стигне до 3/4 од теглите.
Врие 15 мин (откако ќе зоврие) и се остава да се лади во водата.

Tuesday, June 26, 2018

Рум пунч

Во голема тегла се става очистено овошје.(пр рибизли),исто толку шекер и скоро исто толку рум.Кога ќе стигне друго овошје се става во истата тегла на ист начин-колку овошје, толку шекер,толку рум.
Се чува на собна температура .
Ако не е стопен шекерот се протресува или промешува.
Најдобро е зрнесто овошје (ситни јагоди,рибизли,вишни,малини и слично) ,а може и сецкано (праски и слично).

Friday, June 22, 2018

Компот од праски

Се лупат и се чистат од семки праските.
Се ставаат во тегли (се полни до половина теглата со праски,а може и повеќе од половина),
Се става во секоја тегла по 1 лажица шекер , се полни со вода (не до крај туку 2 см под капакот) и се затвораат теглите.
Вака приготвените тегли се редат во големо тенџере обложено со дупли чаршав .
Во големото тенџере се става вода да достигне до 2/3 од теглите.Се вклучуваат сите плочи од шпоретот на 2 додека зоврие водата од големото тенџере,а потоа се намалува на 1,5 и се остава да врие 1/2 час.
Се исклучуваат ринглите и се остава да се изладат теглите постепено без да се вадат од водата.
Исто така се прави компот од вишни ,но кај вишните не мора да се вадат семките.
Убав е и компот од јаболка ,од кајсија ,од модри сливи(исчистени од семки),од дуњи и друго овошје.
Може во теглите да се стават лупени и на парчиња сечени патлиџани,само тогаш се става малку сол,а може и магдонос,сецкана пиперка и др.

Thursday, January 25, 2018

Јаболков оцет

2 кг јаболка се дробат или се гмечат.
Се додава 3 кг вода и 1 лажица шекер.Може и 1 чашка ракија.
Се ставаат на топло во стаклени големи тегли.Теглите се затвораат и се ставаат на топло.Секој ден  се протресуваат и  се  отвораат .
Уште полесно и подобро е ако теглите  се покријат со газа и  стојат отворени ,но повремено  се промешуваат.
Побрзо ќе стаса оцетот ако стои на топло.
Се процедува откако ќе стаса и се собира во стаклени шишиња.

Се користи така што се пие пред појадок така што се
става 1 чаша свежа вода,
2 лажичиња јаболков оцет и
2 лажичиња мед.