Wednesday, March 4, 2020

Компот од вишни

Се мијат вишни,се редат во тегли до 3/4 ,се додава по 1 лажица шекер ,се дополнуваат  со вода ,се затвораат убаво,а потоа се ставаат во подлабоко тенџере прекриено со крпа и се додава вода  која ќе достигне до 3/4 од теглите и се вријат 20 мин (откако ќе зовријат).
Се оставаат во тенџерето во кое вријат да се ладат постепено.

Сок од вишни

Се ставаат измиени вишни во тенџере со врела вода и се вари додека не испукаат вишните .Се процедува сокот,се  додава шекер по вкус и зоврива околу 15 мин и се става во шишиња кои  се покриваат со кебе и се оставаат да се ладат постепено.
Испуканите вишни може да се изгмечат да им се додаде вода и шекер и да се собере исто така.

Ѓувеч

5 кг патлиџани вријат и се додава
1/2 кг моркови малку врие ,а потоа
 1/2 кг пиперки,
3 тиквици,
3 модри патлиџани,
бамји,
магдонос и сол.
Потоа се собира во тегли кои се ставаат во подлабока тепсија со вода која се става во загреана рерна за да се вријат и вакумираат.
Може да се стават во рерна на 100 степени преку ноќ и утрото да се исклучи и се лади до вечер.
Место во рерна може да се стават во подлабоко тенџере наполнето со вода така што ке стигне до 3/4 од теглите.
Врие 15 мин (откако ќе зоврие) и се остава да се лади во водата.