Saturday, August 7, 2010

Мајонез од везен пипер

10 модри патлиџани се печат,се лупат, се сечат на пола и се мелат .

3 кг везен црвен пипер се чисти од семки откако ќе се
омекне во рерна и се меле.
(Патлиџаните може олупени и исечени на пола да се печат во тепсија во рерна)

1 чаша оцет,1 л зејтин,сол,1лажица сенф.
Се се меша и врие ,а потоа се собира во тегли кои се покриваат и се оставаат да се ладат постепено.

Friday, August 6, 2010

Мајонез од пипер

10 модри патлиџани се печат ,лупат и мелат,
(може да се излупат, да се пресечат на пола и
да се печат во плех во рерна).

7 кг зелен пипер се пече лупи и меле.

1 л зејтин се загрева и му се додаваат
мелениот пипер и патлиџан ( може до 1,5 л зејтин) и се пржи.
Се додаваат 2 лажици сол и при крај малку сенф.

Се собира во врели тегли и се покрива да се стерилизира.

За турли тава

Во тегли се дроби по малку модар патлиџан,пипер,
магдонос,морков,црвен патлиџан кој ќе пушти сок,
добро се затвораат и се стерилизираат 20-30 минути,
како компот.

Пеглани пиперки

(2 дози се собираат во 3 тегли од по 3 кг)
За една доза треба:
50 големи индустриски пиперки,
100 гр есенција,
250 гр зејтин,
150 гр шекер,
2 китки магдонос,
2 главици лук,100 гр сол.

Се дроби лук и магдонос па се додаваат состојките.

Се става по 1 мало лажиче во секоја пиперка.

Се редат во големо тенџере легнати и се потиснуваат со помало
на кое е ставено нешто тешко ( пр кофа со вода).

Вака стои 24 часа.

Се редат во чисти тегли,се потура со сокот што го пуштиле и
се затвораат теглите.
(Од сокот може и да остане).

Модри патлиџани

Се обаруваат модри патлиџани ,цели без дршка 2-3 минути. Од доле ,од кај семето сечи на 4 дела (не до крај). Полни со лук,целер,магдонос (може и моркови).

 Солило :12 супени лажици бел оцет 9 %,

1,5 лажица сол и 

3 лажици шекер.

Добро е да се стерилизираат теглите барем 5 минути.

(од барени пиперки).

Феферони

За 1 тегла полна со феферони треба:
1 филџан (од кафе) оцет,
1 лажица шекер,
1 лажица сол,
вода да се дополни.
Теглите се стерилизираат како компот

Урда со пиперки во тегли

Се замесува(разредува) урда со млеко и се реди
во тегли од 1 кг ред урда во која се набоцкуваат
во круг пиперки,па урда и тн.
се стерилизира со вриење на теглите како компот
(20 мин откако ќе зоврие).

Сок од вишни

I начин:

Се зовриваат вишни со вода (пола тенџере вишни пола вода и вријат додека не испукаат при што го пуштаат сокот).
Се процедува прво низ огноотпорна цедалка со поголеми отвори, но да не ги пропушта семките ,а потоа низ огноотпорна цедалка со мали отвори (како газа) .
Се додава шекер по вкус и се зоврива 15 мин по што се собира во шишиња кои се затвораат и се покриваат да се ладат постепено.

II начин;

На 10 кг вишни очистени од рачки се додава 2 кг шекер и 5 кг вода.
Зоврива да пушти сок.
Се процедува низ преса или газа,
се додава шекер и се става да зоврие 15 мин по што се собира
во загреани шишиња кои се ладат постепено.

Мармелад од кајсии

I начин:

Се мијат кајсии ,им се вадат семките и се ставаат во пекач .Се додава шекер (околу 1/2 кг) и се ставаат во загреана рерна на 200 степени каде зовриваат и повремено се промешува со голема дрвена лажица .Врие околу 1,5 час ,да се згусне до саканата густина а потоа се собира врело  во теглички кои се покриваат со чаршав и со кебе и се оставаат да се ладат постепено.

За да не се расипат пекачот се става на плочите вклучени на 1 да врие по малку.

Исто се постапува и за мармелад т.е џем од сливи.

II Начин

Се чистат кајсии,се мелат, се додава 1 кг шекер на 3 кг кајсии , се вари околу 1,5 саат , се собира врел во загреани тегли кои се затвораат и се остава покриен да се лади постепено.

Сок од кајсии

Од вечер се ставаат 9 кг ( чистени 9 кг) кајсии.
Се посипуваат со 3 лимонтуси и 3 кг вода.
Другиот ден се мелат со машина што вади лушпи (2 пати)
Се додава уште 7 кг вода и шекер ,се зоврива и собира.

Неварен сок од вишни

На 1 кг миени , цедени вишни им се вадат семките,се додава 1 кг
шекер и се остава 24 часа да пуштат сок.

Вишните што се летнати се вадат со цедалка и
може да се искористат за колачи ако се замрзнат во лончиња.

На сокот се додава 1-2 лимонтуси .

Сокот се собира во миени , исушени и ладни шишиња.
( за употреба се раствора во вода).

Џем од сливи

5 кг црни сливи се чистат од семки се додава 1 кг шекер и
се ставаат во пекач во загреана рерна каде се мешаат
повремено да омекнат и врели се собираат во
загреани тегли кои се затвораат и се ставаат да се ладат
постепено така што се покриваат со текстил.

Може да се сомелат сливите и да им се стави 1 кг шекер на 1кг сливи
да се варат околу 1,5 саат и врелиот мармелад да се собере во
загреани тегли кои се ладат постепено (покриени со текстил).

Компот од вишни

Покрупни вишни се мијат,им се отстрануваат рачките,
се редат во тегли и се додава по 1 лажица шекер во
секоја тегла (а може да се прелијат со сируп од шекер)
Се дополнуваат со вода и се варат 20 мин откако ќе зовријат.
Може да се вријат во тенџере во кое има вода и е ставено во рерна

или на оган во големо тенџере во кое става на дното текстил ,
се редат подготвените и убаво затворени тегли кои се завиткуваат во хартија
се дополнува со вода така да се покриени со вода 3/4 од теглите се врие околу 1/2 саат.

Летна манџа

Се пржат посебно пиперки посебно патлиџани ,
Се мешаат и се вријат заедно (може и во рерна)
Кога ќе ја добие саканата густина смесата
се собира во загреани тегли,кои се покриваат со кебе за да се ладат постепено.
Може да се стерилизираат како што се припрема компот т.е
 Се стават во големо тенџере покриено со крпа ,кое треба да се наполни со топла вода така што ќе достигне до третина од теглите и да се врие на тивко (15 мин откако ќе зоврие) и се оставаат теглите во тенџерето додека се изладат теглите.
Или може да се се стават во подлабока тепсија во која ќе се додаде вода,која се става во рерна и се загреваат на 100 степени подолго време (може и преку ноќ и сабајле да се исклучи рерната).